Шкупи го чека „пекол“ во Приштина: Балкани до вчера скоро го распродаде цел стадион!

743

Стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина на кој утре косовскиот шампион Балкани го пречекува македонскиот првак Шкупи вор еванш мечот од плеј-оф колото во Конференциската лига ќе биде претесен да ги прими сите заинтересирани гледачи, пишуваат косовските медиуми.

Според информациите, до вчера на помалку од 48 часа пред мечот, само во Сухарека каде е седиштето на Балкани биле продадени над 9.000 билети за реваншот. Инаку капацитетот на стадионот во Приштина за УЕФА натпревари е нешто над 12.000 места.

Косовците се оптимисти дека Балкани ќе стане првата косовска екипа која ќе обезбеди место во групна фаза во некое од европските клупски натпреварувања. Шкупи на првиот меч во Скопје беше поразен со 2:1 и ќе има исклучително тешка задача на утрешното гостување да направи целосен пресврт.

ПретходноПо 13 години повторно во ЛШ: Среќно ја елиминираа Ц. Звезда, а сега сакаат „група на смртта“
СледноДимитријевиќ: Данска е сериозен противник, но подготвени сме за предизвикот