Македонската кошаркарска репрезентација го одработи првиот тренинг во Нествед, каде утре (19 часот) ќе го одигра првиот претквалификациски натпревар за пласман на ЕП 2025 година, против домашната селекција Данска.
За првпат после долги време најдобриот национален состав е речиси комплетен, Александар Јончевски на располагање го има Ненад Димитријевиќ, па заедно со останатите стандардни кошаркари и помладите сили се очекува да тргнат победнички на овој нов тежок пат за место на континенталното натпреварување.