Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе им суди на Шкендија и Струга ТЛ!

463

Дербито на 4. коло во ПМФЛ е доверено на нашиот најдобар судија Александар Ставрев од Скопје. Тој ќе ја дели фудбалската правда на мечот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, меч кој се игра во Струмица на комплексот на “Пандев“ и во тоа недела со почеток од 16 часот.

Во Штип, каде се среќаваат Брегалница – Македонија ЃП ќе суди Александар Грујоски од Кичево.

ДВОЈКИ И СУДИИ – 4.КОЛО (НЕДЕЛА – 16 Ч)

Скопје – Шкупи (Игор Стојчевски – Скопје)

Брегалница – Македонија ЃП (Александар Грујоски – Кичево)

Работнички – Тиквеш (Јован Качевски – Струга)

Шкендија – Струга ТЛ (Александар Ставрев – Скопје)

САБОТА – 16 Ч

Силекс – А. Пандев (Стојанче Стојанов – Штип)

ПретходноРаботнички – Тиквеш ќе се игра на ФФМ!
СледноКалин го победи Вандермерш и се пласира во 1/4 финалето на турнирот во Тунис!