Словачка во Скопје доаѓа со пораз!

201

Словачка, следниот противник на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за пласман на ЕП 2025 година во Скопје доаѓа со пораз, откако на домашен терен беше совладана од Норвешка на отварањето со 68-87.

По изедначената игра во првата четвртина (20-21), гостите дуелот се чини го решија во следните десет минути, ги добија со 13-21 за водство од 33-44 на одморот. Словачка се обиде да се врати во вториот дел, дојде на минус седум, но Норвешка не дозволи поинакво сценарио, дома се враќа со победа.

Џонс и Мокран беа најефикасни кај домаќинот, заедно постигнаа 30 поени, на другата страна Фреј имаше 37 поени.

ПретходноПолувреме во Нествед: Со Димитријевиќ има разлика, Македонија води против Данска!
СледноНашите „петки“ отидоа кај најдобрите