Ѓуроски повторно во Шпанија, потпиша за Оуренсе

130

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се враќа во Шпанија. Тој во новата сезона повторно ќе игра во шпанката Втора лига, овој пат во дресот на Оуренсе.

Од неколкуте понуди кои во текот на ова лето стигнаа на негова адреса, Ѓуроски одлучи да ја прифати онаа на шпанскиот Оуренсе. Станува збор за екипа од „ЛЕБ Оро“ лигата, добро позната за нашиот репрезентативец, кој веќе има искуство со настапи во оваа конкуренција како играч на Хуеска, Mелила и Аликанте.

ПретходноНов пех за Србија: Се повреди и Мициќ, ќе се опорави ли до ЕП?
СледноИвановски по само три гејма го предаде четвртфиналето во Тунис