ЛЕ: Џани против Тричко, Барди со Трабзон против Ц. Звезда!

270

Денеска во Истанбул се одржа ждрепката за групите во Лигата на Европа. Македонија и оваа сезона ќе нема свој претставник, но затоа честа ќе ја бранат четворица наши интернационалци.

Во групата Б во Лигата на Европа се паднаа АЕК Ларнака и Фенербахче, тоа значи дека ќе се судрат еден против друг Иван Тричковски и Џани Алиоски, додека Енис Барди со својит Трабзон ќе игра против Ц. Звезда, овие две екипи се паднаа во Х групата.

Да кажеме дека Ердал Ракип со Малме се падна во групата Д, а за ривали ги има екипите на Брага, Унион Берлин и Унион од Белгија.

Натпреварите се играат во следните термини:

1.коло (08.09)

2.коло (15.09)

3.коло (06.10)

4.коло (13.10)

5.коло (27.10)

6.коло (03.11)

Потоа следува нокаут – фазата следната година, а финалето се игра на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта на 31 мај 2023 година.

ГРУПИ

А – ГРУПА

-Арсенал (Анг)

-ПСВ (Хол)

-Бодо/Глимт (Нор)

-Цирих (Шва)

Б – ГРУПА

-Динамо Киев (Укр)

-Рен (Фра)

-Фенербахче (Тур)

-АЕК Ларнака (Кип)

Ц – ГРУПА

-Рома (Ита)

-Лудогорец (Буг)

-Бетис (Шпа)

-Хелсинки (Фин)

Д – ГРУПА

-Брага (Пор)

-Малме (Шве)

-Унион Берлин (Гер)

-Унион (Бел)

Е – ГРУПА

-Манчестер Ј (Анг)

-Сосиедад (Шпа)

-Шериф (Мол)

-Омонија (Кип)

Ф- ГРУПА

-Лацио (Ита)

-Феенорд (Хол)

-Митјиланд (Дан)

-Штурм (Авс)

Г-ГРУПА

-Олимпијакос (Грц)

-Карабах (Азе)

-Фрајбург (Гер)

-Нант (Фра)

Х- ГРУПА

-Ц. Звезда (Срб)

-Монако (Фра)

-Ференцварош (Унг)

-Трабзонспор (Тур)

Image

ПретходноАлкалоид во последната секунда испушти победа против првакот на Изреал (ВИДЕО)
СледноНишто не е случајно: Погледнете како Димитријевиќ „решеташе“ на 10 години (ВИДЕО)