Во Битола и натаму се сумираат впечатоците од синоќешниот четвртфинален дуел со Мешков Брест за пласман на Ф4 во СЕХА-лига. Пелистер ја доби пенал драмата и за првпат се најде во друштвото на четирите најдобри екипи во регионалното натпреварување, на патот до финалето стои Веспрем, мечот се игра на 2. септември.
Мирко Радовиќ, новиот капитен и сите играчи, имаа неверојатна поддршка од публиката, по во една таква атмосфера, мотивот е уште поголем.
„Како да не стегнете заби кога играте со овие момци и пред ваква публика, нема нешто што може да ме спречи да играм. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, на ваквите навивачи, ова е една неверојатна атмосфера, уживање е да се игра тука ракомет. Би кажал дека и играчите покажаа еден невиден карактер. Дури и кога примивме гол во последната секунда, стиснавме заби и победивме на пенали, на најубав можен начин. Сега одиме на завршниот турнир“, изјави капитенот Мирко Радовиќ.