Клоп: Не сум загрижен за бодовите, време е за меч без примен гол

123

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека на никаков начин не го загрижува фактот што во првите три кола од новата сезона тимот освои само два бода и веќе заостанува седум бода зад лидерот во Премиер лигата, Арсенал. За Ливерпул претстојат домашните натпревари против Борнмут и Њукасл, а Клоп покрај бодовите од овие мечеви сака да извлече и дефанзивно подобра партија.

„Го почитуваме резултатот против Манчестер Јунајтед . Имавме шанси и тие ги спречија на секој можен начин. Не е како што сакавме да биде, но тоа е предизвик и ми се допаѓа. Мораме да одговориме на ударот. Сега ние претстојат два натпревари на домашен терен. Едвај чекам заедно да создадеме посебна атмосфера на „Енфилд“. Само на еден од нашите четири натпревари досега не се претставивме како што треба. Тоа беше на натпреварот против Фулам. Сакам да бидеме тим против кој никој не сака да игра. Ова е и планот за утре. Треба да подобриме некои работи. Ако досега бевме на 95%, мора да бидеме на 100%. Работите што ги постигнавме досега никогаш не биле лесни, така што никој не треба да очекува дека сега ќе биде лесно. Мора да му дадеме шанса на Алисон да ја зачува мрежата. Сепак, тој не може сам, па мораме подобро да се браниме. Тогаш мора да напаѓаме подобро. Секој е одговорен за секој дел од играта“ – рече Клоп па се осврна на уште еден проблем кој го има во моментов, а тоа се повредените играчи.

„Никој од повредените нема да се врати за овој викенд. Сепак, Џоел Матип, Кертис Џонс и Тиаго Алкантара не се далеку од моментот кога ќе продолжат со тренинзите. Келехер ќе тренира со тимот следната недела. Наби Кеита исто така нема да биде достапен за викендот. Тој има повреда на мускулот и ситуацијата се уште не е 100% јасна“ – рече Клоп па се префрли на друга тема.

„Трансфери? Постојано работиме на овие работи. Понекогаш цената е превисока, понекогаш е достапен погрешен играч. Не знам дали нешто ќе се случи или не. Ако некој сака, може да се грижи за бодовите, но јас не ја гледам поентата. Овој тим покажа неверојатно високо ниво во изминатите неколку години. Тој победува многу често, но ние тоа не го земаме здраво за готово. Мора да работиме напорно за секоја победа. Рано е да ја наречеме сезоната завршена. Никој не знае што можеме да постигнеме во оваа кампања. Има многу бодови кои треба да се освојат, но мораме да почнеме да го правиме тоа“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

ПретходноАјакс одбил 90 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Антони
СледноНотингем купи и Јужнокореец и го испрати на позајмица во Грција