Милош Милојевиќ ќе го води шампионот на Србија

376

Како Дејан Станковиќ си даде оставка на тренерското место во Црвена Звезда така клубот најде негова замена. Откако клубот од Белград испадна од квалификациите за Лигата на Шампионите, Станковиќ си поднесе неотповиклива оставка, а на негово место доаѓа Милош Милојевиќ.

Млад, 39. годишен стручњак, кој има сериозно интернационално искуство пред се од Шведска. Таму ги водеше екипите на Хамабрби, Мјалби и последно Малме, од каде што и доаѓа на местото тренер на Црвена Звезда.

Тој веќе има работено во таборот на „црвено – белите“ но како асистент и тоа токму на Станковиќ.

 

ПретходноДејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена Звезда
СледноКога се сака се може, теренот во Тетово веќе е во добра состојба