Берлускони во акција: Загубивме затоа што противникот играше со 12 играчи

645

Претседателот на Монца Силвио Берлускони го критикуваше судијата по поразот на неговиот тим од Удинезе во 3. коло на Серија А. Монца го претрпе третиот пораз по ред, а Берлускони го обвини судијата.
Несреќно загубивме, а противникот играше со 12 фудбалери. Судијата беше на нивна страна што е скандал. Победничкиот гол мораше да го поништи поради чист офсајд, а во текот на мечот судијата Ди Бело постојано свиреше против нас кога имаше дуели на играчи“, изјави Берлускони кој кажа некој збор и за тренерот Џовани Стропа и за фудбалерите.

Се надевам дека ќе го врати тимот на колосек и тој самиот ќе се подобри. Да се стартува со три едноподруго порази во Серија А е многу, многу лошо. Имаме фудбалери кои не се во форма и мора под итно да се поправат, а чувствувам и дека не се почитува тактиката.

Кога противникот е на нашата половина, нашите напаѓачи треба да седат на нивната половина и да истрчаат напред при долги топки кои ќе ги испрати нашиот голман. Тоа нашиот тим не го направи ниту еднаш, напаѓачите беа премногу напред, па голманот мораше да ја подава топката до бековите или играчите од средниот ред и тие да ја пренесат напред.

На полувреме отидов во соблекувалната и им кажав на играчите дека мора да победиме. Значи не смееме да изгубиме. Не знам што не беше јасно. Им кажав на дефанзивците да се залепат до напаѓачите на Удинезе, а тие не го направија тоа“, додаде Берлускони.

ПретходноНотингем купи и Јужнокореец и го испрати на позајмица во Грција
СледноЛацио слави победа на дербито со Интер (видео)