Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо ќе бидат наши претставници во овогодинешното издание од Лигата на Шампионите. „Модрите“ се изборија за групната фаза преку квалифакциите, па сега следува она вистинското што се вели.
Динамо е дел од групата Е во која се уште и Челзи, Милан и Ред Бул Салзбург, a својот прв меч ќе го игра на домашен терен и тоа против тимот од Лондон. Челзи пристигнува на Максимир на 6 септември со почеток од 18:45. Во второто коло Динамо оди во Милано, а потоа и во Австрија каде што ќе му гостува на Ред Бул Салзбург.