Унион Берлин едноставно личи на казнена експедиција. Попладнево во меч од 4.коло во Бундеслигата тимот од Берлин со 1:6 како гостин успеа да слави над Шалке. Вистински час по фудбал одржа овој тим во Гелзеркирхен.
Торзби, два гола на Бекер, Хаберер и двапати Михел стрелаа за убедлива победа.
Инаку ова беше трета победа за Унион Берлин, има и едно реми без пораз.
Леверкузен, исто така како гостин, го победи Мајнц со 0:3, интересно, победничката екипа доби и два црвени картони.
Лајпциг со двата гола на Нкунку го победи Волфсбург со 2:0.
Дортмунд како гостин ја совлада Херта со 0:1, и тоа со голот на Модесте, додека Хофенхајм дома го победи тимот на Аугсбург со 1:0.