Јончевски: Победата над Данска да ни е мотив за триумф над Словачка

60

Македонската кошаркарска репрезентација славеше победа во Данска во квалификациите, а следниот предизвик е Словачка. Тој меч се игра во недела навечер, во СРЦ „Кале“, од 19. часот.

Селекторот Александар Јончевски се надева дека ќе го искористиме сиот овој позитивен момент кој ни го донесоа случувањата во текот на оние 40.минути на гостинскиот терен во Данска.

Најпрво, се надевам дека ќе ја потврдиме победата од Данска. Имаме добра почетна позиција, триумф на гости, и тоа како значи во ситуација кога од четири екипи само една оди понатаму. На триумфот во Нествед ќе гледаме како позитивен елан да одиграме добро против Словачка во следниот дуел. Со следниот противник, пред година дена имавме еден двомеч. На првиот победивме со висока, на вториот загубивме со висока разлика. Ќе зависи многу од мотивацијата на играчите, се надевам дека победата од Данска ќе ги мотивира уште повеќе моите кошаркари да бидат уште подобри од претходно“.

Што се однесува за следниот ривал во групата „Д“, тукa и нема премногу непознати.

„Скаутингот за Словачка е веќе одработен, бидејќи имавме доста време по пат за да работиме на тоа. Шансата за триумф ќе ја бараме каде што ја најдовме со Данска, Во тимска игра, тимска одбрана, спроведување на системот од претходните три недели. Таа стартна победа беше награда за момците за се, се надевам дека ќе добиеме поддршка од публиката во Кале, очекувам да дојде во поголем број и да им даде поддршка на момците и стручниот штаб во обидот да ја потврдиме победата од Данска“ – посакува селекторот пред неделната пресметка со старите познаници од Словачка.

Претходно„Комитите“ во елемент, Вардар тргна со две победи сезонава во ВМФЛ!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСпектакуларен гол на Влаховиќ, но Рома освои бод во Торино (видео)