Чуден е овој Рајо Ваљекано. Ја запре Барселона во 1.коло, а сега не успеа на домашен терен да извлече позитивен резултат против Мајорка. Поразен е со 0:2. Македонскиот голман Столе Димитриевски го одигра целиот меч, а се вклопи во сивилот на своите соиграчи кои никако не успеваа прецизно да шутнат на голот на противникот.
Ведат Муриќи го отвори резултатот во првото полувреме, а го заокружи Ли Канг Ин во 64. минута.
Мајорка ја запиша првата победа, а Рајо првиот пораз.