Нагелсман: Го одигравме најдобриот меч, а судијата расипа сè

489

Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија (Минхенгладбах) кој заврши 1:1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не стигнаа до целиот плен. Нагелсман не беше задоволен од некои одлуки на судијата Даниел Шлагер.
Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол“, прокоментира Нагелсман.

Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да поминат во секој случај, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најсилниот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.

ПретходноВедран Ќосевски – голманот на Струга ТЛ: И против Шкендија посакуваме продолжување на серијата!
СледноЈан Зомер урна бундеслигашки рекорд – волку одбрани не прават ни ракометни голмани (видео)