Готово е: Антони е нов член на Јунајтед за 100 милиони евра!

329

Ајакс и Манчестер Јунајтед се договорија, Антони од Амстердам се пресели на “Олд Трафорд“ и тоа за цели 100 милиони евра. Секако дека ова е најголемиот трансфер ова лето на Јунајтед. Ерик Тен Хаг и тоа како може да биде задоволен, го доби тоа што долго време го посакуваше.

Бразилецот ќе биде големо, и тоа како големо засилување за нападот на Тен Хаг. Дали со ова сега се отвара и дефинитивно шансата Роналдо да си оди.

Инаку се очекува во текот на денот од таборот на Манчестер Јунајтед и официјално да го потврдат трансферот, иако се нагласува дека остануваат само некои ситни детали да се расчистат.

ПретходноФудбалер на Хајдук во карантин дознал дека неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа!
СледноБританецот “леташе“: Хамилтон и Алонсо како во старите добри времиња! (ВИДЕО)