Кошаркарите фатија „залет“: Јакимовски почна, Нено ги докрајчи Словаците (ФОТО)

403

Македонската кошаркарска репрезентација влезе во победнички ритам. По Данска, „црвено-жолтите“ ја совлада Словачка на домашен терен со 79-75 за перфектен старт на претквалификациите за ЕП 2025 година. До триумфот кошаркарите дојдоа на благодарение на добата игра во третата четвртина и добрата партија на Јакимовски и Димитријевиќ. Двајцата ја вратија Македонија од негатива и донесоа втора победа.

Димитријевиќ мечот го заврши со 20 поени и четири асистенции, Јакимовски и Војдан имаа по 15 поени, Ѓуроски запиша 12 поени.

Нашите момци добро го отворија мечот, поведоа со 6-2, но по последните 9-8 влегоа во криза. Гостите набрзина го свртеа резултатот дојдоа на плус пет 9-14. Имавме одговор за овој налет, ама на кратко. По 14-14, противникот поведе со 15-22 и 19-26.

На стартот на втората четвртина негативата брзо порасна 19-28, а потоа и 26-36 во 15 минута. На голема среќа, кошаркарите се издигнаа, па заиграа на едно задоволително ниво. Војдан, Нено и Стојан намалија на 38-41. На одморот беше 40-46.

И на стартот на третата четвртина имавме проблем, Словачка по вторпат на мечот поведе со двоцифрени 40-50. Македонија првиот поен го постигна после 3.30 минути, но гостите не застанаа дојде на плус 11 (42-53).

Од овој момент, „црвено-жолтите“ постигнаа осум поени, а прими само два за 50-55. Јакимовски и Димитријевиќ со поет поени во низа доближија на 55-58. Јакимовски не држеше во игра, па во последните десет минути Македонија влезе со неагтива од четири поени (59-63).

Словачка одржуваше позитива од пет до седум поени која не беше недостижна се до 34 минута кога Димитријевиќ со нова неверојатна тројка доближи на 66-68.

Се загреа атмосферата во салата „Кале“ која речиси беше исполнета, Словачка не реализира две слободни по техничката грешка и напад, но тоа не беше казнето. На голема среќа ниту противникот не се снајде најдобро, па конечно, Македонија со тројката на Јакимовски по долго време го врати водството 69-68.

Мечот влезе во драматична завршница, а во преден план беше Јакимовски, „крадеше“ и поентираше, на него се надоврза Димитријевиќ, со поет поени во низа зголеми на76-69 и ја најави втората победа во претквалификациите за ЕП 2022. Гостите се обидоа да приредат драма во финишот, но немаше време. Војдан стави печат на триумфот.

ПретходноКалиниќ како Нено – „Тројка“ од половина терен (ВИДЕО)
СледноСрбија ја доби драмата во Истанбул, Германија ги прегази Дончиќ и компанија