Една убава слика од „Кале“: Развиорени знамиња, исполнети срциња и „хепи енд“ (ФОТО)

506

Македонската кошаркарска репрезентација фати ритам во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година, запиша две победи на стартот. По бледата игра во претходниот циклус за Мундијалот, на теренот како да излегоа нови кошаркари, а сликата на теренот барем малку потсетуваше на деновите кога Македонија уживаше во поддршката од љубителите на овој спорт.

Трибините во „Кале“ беа речиси исполнети, македонските знамиња беа разворени, публиката им даде ветер во грб на репрезентативците во клучните моменти, никој не се откажа од помислата дека Македонија ќе излезе како победник. А кога се има голема верба на крајот триумфот е неизбежен.

ПретходноСрбија ја доби драмата во Истанбул, Германија ги прегази Дончиќ и компанија
СледноЈончевски: Им честитам на момците! Работата не е завршена!