Јончевски: Им честитам на момците! Работата не е завршена!

231

Александар Јончевски има деби од соништата на клупата на македонската кошаркарска репрезентација, запиша две победи во исто толку одиграни натпревари во претквалификации за ЕП 2022 година.

Данска и Словачка се двете селекции кои паднаа пред нашите момци, кои одиграа два тешки мечеви, со среќен крај. Покажаа дека можат да се вратат и кога тоа изгледа невозможно.

„Пред се, ова беше многу тежок натпревар. Заморот можеби во нашата екипа повеќе се чувствуваше на стартот, затоа што имавме многу загубени топки. Нешто кое го договаравме да го спроведеме со Данска, тоа е да го минимизираме бројот на загубени топки, не успеавме. Загубивме девет топки до полувреме, тоа нè чинеше многу примени поени од транзиција и тоа не можевме да го надминеме во вториот дел.

Им честитам на момците што во овој циклус дојдоа до две многу важни победи во ситуација во која од четири тима, само еден оди понатаму. Меѓутоа, работата не е завршена затоа што и Норвешка е со ист статус како со нас. Ни претстојат уште два тешки циклуса“, изјави Јончевски и додаде:

„Што се однесува до самиот овој натпревар, Словачка без разлика што имаше загубено дома од Норвешка, влезе доста мотивирана. Погодија 46% за три поени. Пробавме да ја смениме одбраната на полувреме, нешто функцонираше, ама не во целосна слика. На крајот среќен сум затоа што победивме, триумф за кој најзаслужни се играчите“.

Македонија следниот меч го игра во ноември против Норвешка која исто така има две победи.

ПретходноЕдна убава слика од „Кале“: Развиорени знамиња, исполнети срциња и „хепи енд“ (ФОТО)
СледноСе е полесно со Левандовски: Барселона запиша нова победа (ВИДЕО)