Женска селекција на Македонија У19 ќе одигра два контролни меча против Кипар

101

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни меча против селекцијаta на Кипар. Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот на ФК Турново.

Првиот натпревар е закажан за 4. септември во 16:30 часот, додека втората контролна пресметка е закажана на 6. септември, во 16.30 часот.

Овие подготовки и контролни наптревари против Кипар се од голема важност, треба да работиме напорно оваа недела, се со цел што е можно подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во октомври. Се надевам дека на овој собир и квалификациите во октомври ќе успеам да го имам најдобриот состав на располагање. 

Кипар е одличен противник, ги познаваме добро нивните квалитети, минатата година успеавме да славиме победа над нив со 4:2 во Белорусија. Очекувам постепено да ја креваме нашата форма, верувам дека во октомври ќе бидеме целосно подготвени и во најдобар состав за квалификациите“, изјави Астрит Мерко, селектор на селекцијата на Македонија до 19 години.

ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРКИ

Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Кристина Павлоска (Кул);

Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);

Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Михаела Настевска (Деспина), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ива Здравеска (Кул), Никита Стојчевска (Розенгард, Шведска);

Напад: Ивана Кузманоски (Англија), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Симона Мејиер (Кул);

Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе биде во хотел Истатов, Нов Дојран, во периодот од 1 до 7 септември.

 

ПретходноТиквеш ќе игра хуманитарен меч со Олимпијакос за децата без родители!
СледноФудбалерите на Баерн се фотографираа со пиво, двајца одбија да земат чаша!