Кире Ристевски го раскина договорот со АЕЛ Лимасол

425

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски повеќе не е фудбалер на кипарски АЕЛ Лимасол. Како што попладнево објавија од кипарскиот тим, двете страни спогодбено ја раскинале соработката.

„АЕЛ ја информира јавноста дека соработката со фудбалерот Кире Ристевски е раскината со заедничка согласност. На фудбалерот му посакуваме се најдобро на професионален и личен план“, се вели во клупското соопштение.

Ристевски дојде на Кипар минатото лето откако ја заврши соработката со унгарски Ујпешт.

ПретходноСити повторно купува – го пикирал Аканџи
СледноВалтер пред СЕХА Ф4 турнирот: Треба да одиме таму и да играме слободно, тоа е нашата шанса