Ранг листа: Србија е прв фаворит за златото на Евробаскет 2022

274

Српската кошаркарска репрезентација е прв фаворит за освојување на златото на престојниот Евробаскет 2022, ако се суди според ранг листата на најдобрите европски кошаркарски селекции.

Избраниците на Светислав Пешиќ остварија скок од четири позиции на најновото рангирање и го симнаа од врвот актуелниот бранител на титулата, Словенија. За вака подобрен рејтинг на Србија придонесоа двете големи победи во квалификациите за Светското првенство, прво над Грција во Белград, а потоа и над Турција во Истанбул.

Од врвот Словенија се спушти на второто место, додека во ТОП 5 се најдоа и Грција, Литванија и Франција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA EuroBasket (@eurobasket)

ПретходноДибала почна да „торпедира“ за Рома, Интер сигурен против Кремонезе (ВИДЕО)
СледноАсани дел од Ерзени