Целата сага траеше речиси два месеци, тоа беше летна сага која по малку стана и здодевна. Фудбалскиот свет се “потресуваше“ дали Кристијано Роналдо ќе си оди од Манчестер Јунајтед или не. Да, тој сакаше да се оди, сакаше да игра во тим кој што ќе настапува во Лигата на Шампионите. Сакаше по секоја цена да го напушти “Олд Трафорд“, но никој не го сакаше и тоа најмногу поради неговата плата која изнесува најмалку 35 милиони евра нето.
Последната “корпа“ Португалецот ја доби синоќа од Италија, од Наполи кој и официјално кажа дека Роналдо не доаѓа под Везув. Челзи, Наполи, ПСЖ, Атлетико М, Баерн, Спортинг, Барселона, Дортмунд, се само дел од клубовите каде Мендеш, менаџерот на Роналдо го нудеше својот клиент, но ете, не успеа да го продаде.
Дека Роналдо останува во Јунајтед барем до јанури, потврди и менаџерот на клубот Ерик Тен Хаг.