Билетите за Суперкупот ќе чинат по 200 денари!

152

Познато е одамна дека Суперкупот во ракомет се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“ и тоа на 11 септември со почеток од 20 часот. На тој меч по првиот сезонски трофеј ќе атакуваат екипите на Вардар 1961 и Е. Пелистер. Меч за ракометно уживање.

Од страна на организаторот денеска пристигна информција дека од понеделник билетите ќе бидат пуштени во продажба а тие ќе чинат по 200 денари. Истите ќе се продаваат на билетарата на салата, и ќе бидат во ограничен број.

ПретходноОфицијално: Фофана е нов фудбалер на Челзи! (ФОТО)
СледноПред точно 20 години се распадна еден од најдобрите тимови во светот!