Србија на „крилата“ на Јокиќ го почнува походот по тронот!

113

Денеска се играат првите мечеви од групите Д и Ц на Европското првенство кое стартуваше вчера. Во центарот на вниманието е репрезентацијата на Србија и најкорисниот играч од регуларниот дел во НБА-лигата, Никола Јокиќ.

Србија е фаворит во групата „Д“ која се игра во Прага. Вечерва (21 часот) битката за тронот ја почнува против Холандија, дуел кој треба да го добие без проблем. Покрај Јокиќ, нашиот северен сосед го има Василије Мициќ, кој беше накорисен кошаркар во Евролигата и МВП на Ф4.

Втор меч кој исто така ќе биде интересен за гледање е пресметката меѓу Хрватска и Грција во рамките на групата Ц. Јанис Адетокумбо е една од ѕвездите на континенталното натпреварување. Грција последен пат со медал од едно континентално натпреварување се врати во 2009 година од Полска, во битката за третото место ја победи Словенија.

Домаќинот на групата Ц, Италија по повредата на Данило Галинари во Милано ќе се потпре на поддршка од своите фанови, додека пак Хрватска која нема медал од 1995 ќе се обиде да влезе во друштво на репрезентациите кои ќе се борат за висок пласман.

ДВОЈКИ ЕП:

14:00 Изреал – Финска

14:15 Украина – Велика Британија

17:00 Хрватска – Грција

17:30 Полска – Чешка

21:00 Италија – Естонија

21:00 Србија – Холандија

ПретходноФилип Кузмановски надвор од терените три до четири недели!
СледноСтручна судиска анализа: Немаше грешки во изминатото коло