Миши Батшуаи е нов играч на Фенербахче

242

Белгискиот интернационалец Миши Батшуаи ќе игра за тимот на Фенербахче. Откако пропадна трансферот во тимот на Нотингем Форест, денеска тој се враќа во Турција и потпишува за Фенер. Претходно како позајмен фудбалер на Челзи веќе мина една сезона во Турција, но како играч на тимот на Бешикташ.

Таму и тоа како се покажа како добра инвестиција затоа што постигна 14 гола и 5 асистенции.

Тој никогаш не ја доби вистинската шанса во Челзи и иако има петгодишен договор никогаш не заигра цела сезона во Лондон.

 

ПретходноИзраел ја доби Финска на продолженија, Украина ја „уништи“ Британија
СледноПроблеми пред стартот на сезоната: Се откажаа четири прволигаши!