Проблеми пред стартот на сезоната: Се откажаа четири прволигаши!

1200

На неколку денови пред стартот на сезоната проблеми во Првата ракометна лига, втората по ранг лига во Македонија. Имено, засега се откажаа четири прволигаши, а настапот на уште три е неизвесен, па веројатно е дека ќе има нова ждрепка.

Четири екипи, а меѓу нив и еден некогашен шампион, нема да се натпреваруваат, а тоа се Борец, Работнички, Ринија и Ѓорче Петров.

На почетокот беа пријавени 20 екипи, по што беа поделени во две групи од 10 екипи, сега А-групата има седум тимови, додека Б-група има девет екипи.

Па така РФМ даде налог до Комесарот на лигата, откако ќе се знае и дефинитивно колку екипи ќе играат во Првата лига во сезоната 2022/23, ако има потреба да биде извршена и нова ждрепка.

ПретходноМиши Батшуаи е нов играч на Фенербахче
СледноФФМ донираше дефибрилатори за екипите од ПМФЛ!