Како што пренесуваат медиумите во Италија, натурализираниот македонски младински репрезентативец Абиола Бамијоко од вчера и официјално е нов член на Сампдорија. Досега играл за екипи од Финска.
Бамијоко има само 17 години, игра во дефанзивата а има и македнски пасош. Тој сеуште нема настап за Македонија на официјален меч, освен на неофицијални натпревари на неколку кампови кои ФФМ ги организираше во минатиот период.