Веспрем максимално ја оправда улогата на фаворит против Е.Пелистер во второто полуфинале на Ф4 во СЕХА-лига, беше подобар со 41-27, победата ја обезбеди по само десет минути игра.
Предводникот на битолскиот состав, Ларс Валтер не изненаден од поразот, туку од играта во одбраната. Не му се допаѓа што неговиот тим после две минути ја изгубил самодовербата.
„Кога ќе излезеш на терен против тим како Веспрем, мора да се пробаш нешто невообичаено бидејќи тие се далеку подобар тим од нас. Направивме голем ризик со играта седум на шест, примивме многу голови на празна мрежа и преку контри. По две минути почнавме да ја губиме самодовербата. Мислев дека давањето голови ќе ни биде проблем денес, но ме изненади што тоа беше одбраната. Загубивме против најдобриот тим, но сигурно не требаше да примиме толку голови“, изјави Валтер.
Е.Пелистер ќе се бори за третото место на фајнл-фор завршницата во СЕХА, во недела игра против Нексе.