Серена Вилијамс: Млада сум, сакам да уживам додека можам да одам!

233

Серена Вилијамс во третото коло го заврши настапот на УС Опен, откако беше совладана од Томљановиќ со 2-1 во последниот меч во нејзината кариера. Најголемата тенисерка во светот оди во пензија на 40 години и 73 освоени титули, 23 Грен слем и четири златни медали.

„Ви благодарам на сите што бевте со мене сиве овие години. Се почна благодарение на моите родители, тие се заслужни за мојата кариера. Ова се солзи радосници. Јас немаше да бидам Серена, доколку не беше Венус, за тоа сум ти благодарна Венус. Таа единствената причина поради која постои Серена Вилијамс.

Серена на првото место на ВТА листата мина 319 недели, а од турнири има заработени 94 милиони долари. Крајниот епилог е 858-155.

„Ова беше забавна приказна. Нејголемото патување во мојот живот. Благодарност до сите што ме бодревте, што рековте напред Серена. Среќа сум што сум тука“, рече Вилијамс, а потоа искоментира за пензионирањето и дали ќе ја промени својата одлука.

ПретходноСимеоне за проблемите на Барселона: Па зошто постојат тренерите?
СледноВМФЛ:Радовишани “наострени“ за Вардар, Пелистер гостува во Чегране