Многу возбудувања на Мерсисајд дербито но мрежите мируваа

71

Фудбалерите на Евертон и Ливерпул ремизираа 0:0 во 6. коло на Премиер лигата. Имаше неколку сериозни шанси на двете страни, стативи, пречка, а и свој ден имаа голманите Алисон Бекер и Џордан Пикфорд. По пола час игра Том Дејвис ја погоди стативата од голот на Алисон, а десеттина минути подоцна гостите од „Енфилд“ два пати ја погодуваа рамката од голот на Пикфорд.

Прво Дарвин шутираше, а голманот одбрани и потоа топката заврши во пречката. Веќе во наредната акција Луис Диаз се обиде но неговиот шут заврши во стативата.
На стартот на второто полувреме чиста шанса имаше Нил Мопај, но шутираше во голманот Алисон. Во 69. минута Куди погоди но голот е поништен по реакција на ВАР.
Во 85 минута Алисон го одбрани ударот на Двајт Мекнил, а во финишот Ливерпул да се закани преку Фирмино, а потоа и Салах ја погоди стативата.

Ливерпул не успеа да стигне до третата едноподруго победа и сега има девет бодови, а Евертон има само четири поени.

ПретходноМихајловски веќе не е претседател на СЕХА лигата
СледноДерби дела Мадонина: „Милан е послаб од лани, a Интер мора да го искористи тоа“