Дабл-дабл на Јокиќ, Франција ја доби драмата со Литванија!

148

Србија го запиша и вториот триумф на Европското првенство, откако ја совлада Чешка со 68-81. Првиот фаворит за трофејот, според последното рангирање не блескаше денеска, но сепак и оваа задача ја заврши според планот. Откако избраниците на Светислав Пешиќ доминираа по првите две четвртини, предводникот на оваа репрезентација одлучи да направи промена на составот, што пак добро го искористи Чешка дојде на едноцифрена негатива 66-74, но немаше сили за целосен пресврт.

Лидер во редовите на Србија беше Никола Јокиќ, кој запиша дабкл-дабл од 18 поени, 11 скока и пет асистенции. Зад него беше Мициќ со 13 поени. Кај Чешка најефикасни беа Крејцл и Хрубан со по 13 поени.

Турција го запиша најдобриот старт на едно континентално натпреварување после 2011 година. Дојде до втората победа, откако ја совлада Бугарија со 87-101. Охриѓанецот Чеди Осман заедно со 25 поени и 8 скока, зад него беше Сенгун со 20 поени и 9 скока.

Франција, благодарение на добрата игра во последната четвртина успеа да дојде до првата победа на континенталното натпреварување. Оваа репрезентација го доби дербито во групата Б против Литванија славеше со 73-77.

Литванците имаа предност од шест поени на стартот на последната четвртина во која противникот се разбуди и одигра феноменално, зеде залет, но потоа се опушти, па во последните секунди беше 72-74. Фурние беше лидерот кај Французите. Зад своето име запиша 27 поени, беше единствен со двоцифрена бројка.

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
ГРУПА А
Црна Гора – Белгија 76-70
Бугарија – Турција 87-101
19:00 Грузија – Шпанија

ГРУПА Б
Германија – БиХ 92-82
Литванија – Франција 73-77
20:30 Унгарија – Словенија

ГРУПА Ц
В.Британија – Хрватска 65-85
Естонија – Украина 73-74
21:00 Грција – Италија

ГРУПА Д
Финска – Полска 89-59
Чешка – Србија 68-81
21:00 Холандија – Израел

ПретходноУкраина едвај со Естонија
СледноМоќен старт на Алкалоид во Прилеп, Вардар 1961 убедливо низ Неготино!