Неверојатниот Рафаел Леао за славје на Милан на „Дерби дела Мадонина“ (ВИДЕО)

185

Во супер-интересното Дерби дела Мадонина меѓу големите милански ривали, Милан славеше со 3:2 над екипата на Интер и покажа зошто е бранител на Скудетото оваа сезона. Иако „нероаѕурите“ први поведoа, „росонерите“ се вратија моќно и успеаја да направат недостижна предност од два гола разлика.

Брозовиќ во манир на голем стрелец го отвори резултатот во 21. минута за водство на Интер од 1:0. Радоста на гостите траеше кратко, затоа што со својот прв гол по асистенција на Тонали, Рафаел Леао во 28. минута израмни на 1:1.

По паузата продолжи одличното дерби, со висок интензитет и одличен фудбал. Иако Интер беше тој кој притискаше, Милан дојде до прв гол и целосен пресврт. Најпрвин Жиру погоди на асистенција на Рафаел Леао за 2:1, а потоа следуваше ново шоуто на Леао. Португалецот мина тројца играчи и во 60. Минута погоди за 3:1.

Резервистот кај Интер, Един Џеко ги врати надежите на гостите со голот во 67. Минута за 3:2, но до крајот Интер не успеа да изедначи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМоќен старт на Алкалоид во Прилеп, Вардар 1961 убедливо низ Неготино!
СледноВерстапен најбрз на квалификациите на домашната патека во Холандија