Зошто Чалханоглу не сакаше да се поздрави со Тео Ернандез? (ВИДЕО)

533

Милан и Интер синоќа го одиграа големото градско дерби на кое гледавме одличен фудбал и пет гола. На крајот „росонерите“ славеа со 3:2.

Непосредно пред почетокот на тој натпревар, камерите забележаа интересен детал кога играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, инаку поранешен фудбалер на „росонерите“ не сакаше да се ракува само со еден играч на Милан. Тоа е Тео Ернандез, кој беше соиграч со Турчинот пред да се пресели од градскит ривал минатото лето.

Недолго потоа, Чалханоглу му кажа нешто, а веројатно му замери што левиот бек на Милан го навреди за време на прославата на титулата пред три и пол месеци. Ернандез беше тој кој прв го започна навредливото скандирање кон Хакан, а имаше и навредлив транспарент.

ПретходноВикенд – фото: Малку сончање, малку мезе и фудбал Детонит Плачковица – Вардар!
СледноМото ГП: Бањаја со победа во Мизано!