Бразилскиот одбранбен фудбалер Рафиња Алкантара, кој е брат на Тијаго Алкантара, го напушти Пари Сен Жермен и се пресели во катарскиот Ал Араби. Рафиња е дете на Барселона, а освен за А тимот играше уште за Селта и Интер како позајмен, а во 2020 година премина во ПСЖ. Сепак минатата полусезона ја помина на позајмица во Сосиедад, а сега ПСЖ одлучи да го раскине неговиот договор и да му овозможи на фудбалерот да направи трансфер во Ал Араби.
Рафиња кој има и настапи за бразилската репрезентација потпиша двегодишен договор со тимот од Доха