Американското семејство Глејзер, кое е главно во Манчестер Јунајтед одлучило да го продаде клубот за неверојатни 4,34 милијарди евра. Оваа вест на објавија медиумите во Англија. Тие планирале до крајот на оваа година продажбата да биде во целост завршена.
Еден од потенцијалните купувачи е Џим Ратклиф, милијардер и голем фан на Јунајтед. Инаку се наведува дека конкуренти за купување на клубот ќе му бидат пребогати шеици од Дубаи.
Инаку семејството Глејзер со Јунајтед раководи уште од 2005 години, но фановите на клубот воопшто не се задоволни и постојано протестираат против газдите на нивниот омилен клуб.