МЗТ Скопје запиша победа на првиот пријателски меч пред стартот на новата сезона. Актуелниот македонски првак го совлада Арис во Солун со 66-70, благодарение на Војдан Стојановски, кој му пресуди на грчкиот тим со тројка.
Арис, според официјалниот сајт го отворил дуелот со 7-0 и 9-2, а по првата четвртина имал позитива од 14-11. Во вториот период МЗТ бил подобар со 16-19, додека во последната четвртина влегол со предност од 45-49.
Македонскиот првак можел полесно да го реши овој меч, имал плус 13 (48-61) во последната четвртина, но противникот успеал да врати со серија од 15-2 и да израмни на 63-63.
Со 0-4 за македонскиот тим и тројка на Војдан, МЗТ Скопје успеа да слави. Македонскиот репрезентативец со 16 поени беше прв стрелец, зад него беше Мицовиќ со 15 поени, Дамјан запиша 11.