Екипата на Торино со 1:0 го совлада Лече во последниот меч од 5. коло на Серија А. Со тоа „биковите“ заокружија три победи и едно реми и 10 бодови на табелата. Лече е на 17 позиција и има само два бода.
Голот за триумф на Торино го постигна Никола Влашиќ во 40. минута.
Идното коло, Торино ќе му гостува на Интер, а Лече ќе игра дома со „фенерџијата“ Монца.