Некоја нова демократија: Не може да игра во репрезентацијата, затоа што игра во руски клуб!?

817

Норвешкиот фудбалер Матијас Норман е непожелен во репрезентацијата на својата земја, само поради тоа што настапува во руската Премиерлига.

Норман ќе остане без шанса да игра за репрезентацијата на Норвешка само поради професионалната одлука кариерата да ја продолжи во Русија. Овој поранешен играч од средниот ред на Лече одлучи да ја продолжи кариерата во тимот на Ростов, но во земјата каде што се гордеат со демократските слободи, сакаат да ми забранат на својот фудбалер да игра за репрезентацијата само поради политички причини.

Претседателката на ФС на Норвешка Лисе Клавенес изјави дека во овој момент е недозволиво репрезентативец на Норвешка да настапува во Русија и тој повеќе нема да биде на списоците на селекторот Солбакен.

„На сите руски тимови им е забрането да учествуваат на меѓународни спортски натпревари. Столе (Солбакен) и јас се согласуваме дека Норман не може да ја претставува Норвешка сега кога ќе игра за нов руски клуб“, изјавила Клавенес.

ПретходноДончиќ за судењето на Евробаскетот: Многу грешки, ФИБА треба да реагира
СледноВасоски ја прифати понудата и се враќа на клупата на Академија Пандев