Васоски ја прифати понудата и се враќа на клупата на Академија Пандев

657

По 8 месеци, Александар Васоски се враќа на кормилото на Академија Пандев. Како што најавивме вчера, тој имаше неколку понуди од домашни и странски екипи, но синоќа се договорил со раководството на Академија Пандев и се враќа на местото на кое беше пред заминувањето за Сараево.

Популарниот „тетовче“ од утре ја презема екипата, а веќе в недела ќе ги предводи струмичани на мечот со Тиквеш.

Академија Пандев во новата сезона од домашното првенство оствари две победи на шест досегашни одиграни мечеви.

ПретходноНекоја нова демократија: Не може да игра во репрезентацијата, затоа што игра во руски клуб!?
СледноЛеао бара од Милан да му ги плати долговите кон Спортинг, па потоа ќе потпише нов договор