Се враќа ЛШ: Челзи гостува во Загреб, европскиот шампион тргнува од Шкотска

112

По повеќемесечна пауза, вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во УЕФА Лигата на шампионите. Со осум натпревари денеска, се отвора битката во групната фаза, а исто толку мечеви ќе се одиграат во среда. Промена на распоредот нема, бидејќи во 18:45 часот и оваа сезона ќе има два меча, а останатите ќе се играат во вечерниот термин од 21 часот.

Бранител на трофејот е Реал Мадрид, кој покажа дека никогаш не треба да биде отпишан, но оваа сезона ќе мора да го брани трофејот во жестока конкуренција. Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Барселона, Ливерпул, Баерн (М), па и италијански шампиони Милан, Интер, секогаш амбициозните Тотенхем и Јувентус исто така ќе се обидат да импресионираат.

Ајнтрахт (Франкфурт), кој минатата сезона триумфираше во Лига Европа, дебитира во групите од Лигата на шампионите. Така, за прв пат во историјата годинава имаме дури пет германски состави како дел од групната фаза. Вреди да се напомене и фактот дека и двата шкотски гиганти Селтик и Ренџерс по голема пауза повторно заедно се во групната фаза на ЛШ.

За разлика од останатите сезони, годинава, поради СП во Катар групната фаза ќе заврши брзо до почетокот на ноември. Така шесте предвидени кола во групната фаза ќе се одржат на 6/7 септември, 13/14 септември, 4/5 октомври, 11/12 октомври, 25/26 октомври и 1/2 ноември.

ПретходноОва е вистинскиот Тер Штеген: Германецот има 90% одбранети удари од почетокот на сезоната
СледноФјури му фрли ракавица, Џошуа прифати: Ќе има ли борба за ВБЦ титулата во декември?