Еден Азар требаше да биде новата голема звезда на тимот на Реал Мадрид. Наместо тоа, сто милионското засилување од пред неколку сезона се претвори во многу често повредена резерва, која не ретко има проблеми со килажата, и која чека сезонава минути „на лажичка“.
Очигледно дека ваквиот статус на Азар не му се допаѓа па почна и јавно да коментира, на сред меч и на сред тв пренос.
На дуелот против Бетис, Азар на клупата јасно стави до знаење што мисли за самиот меч со коментарот, „секогаш истите измени… секогаш“…
Eden Hazard to Lucas Vazquez during Betis game: “Always the same substutions.”
— Hazard Xtra. (@HazardXtra) September 5, 2022