Франција им се „одмазди“ на Босанците!

86

Штета, голема штета. Босна и Херцеговина во последните минути падна против Франција. Босанците се бореа лавовски, но не успеаја да дојдат до голем триумф, кој ќе им го отвореше широко патот кон Топ 16, беа поразени со 68-81. На овој начин „галските петли“ им се реваншираа на Босанците за поразот во квалификациите за СП 2023.

Двата тима во првите 30 минути имаа по една добра четвртина, Франција водеше до пред крајот на третиот период со двоцифрени 40-52. Кошаркарите на Босна не се откажаа со серија од 13-0 се вратија и поведоа со 53-52.

Следеше изедначена игра до 65-68, момент кога Францзија влезе фуриозно во финишот, со серија од 11-0 дојде на плус 14 (65-79) за крај на сите надежи на Босанците.

Со оваа победа број три Франција би требало да влезе во друштво на најдобрите 16, додека Босна ќе чека разврска во својата група Б, која е една од најкомплицираните на ЕП. Таму денеска играат Германија и Словенија и Литванија со Унгарија.

Естонија дојде до важна победа во битката за место во Топ16, ја оправда улогата на фаворит против Велика Британија, славеше со 94-62 во рамките на четвртото коло во групата Ц. За оваа репрезентација ова беше прва победа, додека на другата страна Британците го запишаа четвртиот пораз, против Литванија сами ќе одлучат како ќе се одвива за нив ова ЕП.

Нуркиќ, Халиловиќ и Муса запишаа по 14 поени, кај победникот Јабуселе имаше 15 поени, еден помалку имаше Фурние.

Битката за место во следната фаза ќе биде интересна и тука Украина и Грција играа во 17 часот, оваа средба ќе го даде лидерот, бидејќи двете немаат пораз, додека Хрватска против Италија ќе бара билет за следната рунда.

Полска беше подобра од Холандија со 75-69, исто ова беше триумф за чекор напред кон Топ16. Во групата Д, Србија не е поразена, дали ќе остане така ќе дознаеме вечер, игра против Изреал

ПретходноППД Загреб не трпи непрофесионализам, му врачи отказ на Борозан!
СледноСиниша Михајловиќ доби отказ во Болоња!