ЛШ: Халанд „беснееше“ и во Севиља, европскиот првак убедлив на „Селтик парк“ (видео)

245

Вечерва се одиграа осум натпревари од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Манчестер Сити кој тргна одлично во Премиер лигата со убедлива победа над Севиља ја почна сезоната и во ЛШ. „Граѓаните“ победија со 4:0 и тоа на „Рамон Санчез Писхуан“, а во главна улога беше Ерлинг Халанд кој го постигна првиот и третиот гол на мечот. Вториот го даде Фил Фоден, а последниот Диас и тоа во финишот.
Момците на Гвардиола му дозволија на противникот само еден прецизен шут кон нивниот гол.
А европскиот шампион Реал Мадрид ги освои бодовите на гостувањето кај Селтик. „Кралевите“ победија со 3:0 со два гола во период од 56. до 60. минута. Прво погоди Винисиус, а веќе во наредната акција погоди Модриќ. Во финишот на мечот мрежата ја затресе и Еден Азар.

РЕЗУЛТАТИ
БОРУСИЈА Д. – КОПЕНХАГЕН 3:0
ДИНАМО З. – ЧЕЛЗИ 1:0
БЕНФИКА – МАКАБИ Х. 2:0
СЕЛТИК – РЕАЛ М. 0:3
ПСЖ – ЈУВЕНТУС 2:1
РБ ЛАЈПЦИГ – ШАХТЈОР 1:4
САЛЦБУРГ – МИЛАН 1:1
СЕВИЉА – МАНЧЕСТЕР СИТИ 0:4

 

ПретходноЖенската репрезентација прими 10 гола од Австрија
СледноМбапе со два гола му донесе на ПСЖ победа над Јувентус (видео)