Во организација на ракометниот клуб Бутел Скопје в сабота ќе се одржи хуманитарен турнир на кој ќе учествуваат четири младински тимови. Покрај домаќинот, ќе играат Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер и Голден Арт, а сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на младата Јована Соломанова, која има само 15 години.
Јована боледува од автоимуна болест (Lupus) и ја очекува многу скапо лекување. Во салата ќе бидат поставени кутии за донации, па секој присутен ќе може да донира колку што сака.
„Апел до сите хумани луѓе да дојдат во што поголем број и да ги проследат натпреварите што ќе се играат две полувремиња по 15 минути и ќе бидат на распоредот во текот на целиот ден. Покрај овој турнир, во салата „Антон Димитров“ в сабота ќе се игра мечот од Женската лига меѓу Металург и Овче Поле СУ од 16:30 часот, и тој ќе има хуманитарен карактер, па сите присутни ќе имаат можност да донираат“, известија од РК Бутел Скопје.
16:30 ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле СУ