Тимот на Динамо Загреб синоќа направи сензација во рамките од првото коло од Лигата на Шампионите на домашен терен. Го совлада фаворизираниот Челзи со 1:0, и со по исходот на вториот меч од групата помеѓу Ред Бул и Милан автоматски застана на лидерската позиција во групата.
Нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски стандардно најдобри на терен. Адеми прогласен за играч на мечот, одзема „милион“ топки, беше непремостлив бедем пред голот на Ливаковиќ.
Ристовски пак дефинитивно го игра фудбалот на својата кариера. Се гледа од „авион“ дека Стефан прекрасно се чувствува во Загреб дека „модриот“ дрес е негов и дека не би посакал да е на ниту едно друго место во моментов.
Патем, Динамо Загреб со својот триумф синоќа е побогат за три милиони евра, само како констатација како се станува голем клуб, кадарен да победи милијарда евра вредни фудбалери на спротивната страна. Патем, Челзи од денеска ќе има нов тренер бидејќи Томас Тухел доби отказ.
View this post on Instagram