Комити: Со билет за Вардар – Борец влез и на Вардар – Е.Пелистер

679

Навивачката група Комити викендов ќе биде ангажирана во целост. Верните следбеници на ФК и РК Вардар викендов се организираат по повод двојната програма. На домашен терен ФК Вардар ќе го пречека Борев во рамките од новото ВМФЛ коло, в сабота од 16:00 часот на стадионот Борис Трајковски, а РК Вардар ќе го пречека лутиот ривал Е.Пелистер в недела во рамките од супер купот на Македонија во Охрид.

Па така, членовите на навивачката група Комити, ќе можат со купениот билет за мечот Вардар  – Борец, да присуствуваат и на супер купот во Охрид. Фудбалско – ракометната комбинација за Комити секогаш е добредојдена затоа што и ФК и РК Вардар никогаш не останале без поддршка дури и во овие не така добри времиња за двата клуба.

 

ПретходноРаботнички во врвот на ЕКА заедно со светскиот фудбалски крем
СледноШпанија ја совлада Турција за прво место во групата