Истанбул на нозе – две големи ѕвезди дојдоа во Галатасарај

1972

Турскиот гигант Галатасарај реализираше уште два големи трансфери, а се работи за напаѓач и играч од средниот ред. Аргентинскиот голгетер Мауро Икарди пристигна во Истанбул и веќе е фудбалер на Галата откако потпиша договор за позајмица на една сезона. Инаку тој доаѓа од редовите на ПСЖ.
А наскоро играч на Галатасарај ќе стана е поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата. Тој го напушти Манчестер Јунајтед и како слободен фудбалер му се приклучува на поранешниот турски шампион. Тој пристигнa во Истанбул и ќе потпише едногодишен договор.

Галата ова лето ги донесе Лукас Тореира од Арсенал, Дрис Мертенс од Наполи, Мостафа Мохамед од Замалек, Фредрик Митше од АЗ Алкмар, Сержо Оливеира од Порто, Лео Дубоа од Лион и Абдулкерим Бардакчи од Коњаспор.

ПретходноВо сабота ќе се одржи 35. Охридскиот пливачки маратон – се пријавија 8 пливачи од 5 земји
СледноПо дебаклот од Шахтјор, РБ Лајпциг назначи нов тренер