Се чини дека Килијан Мбапе, една од најголемите, ако не најголема во моментов, фудбалска ѕвезда како да станува проблем во ПСЖ. По летната сага одам па не одам во Реал Мадрид, тој остана во Париз и сега е “главен“. Прво имаше проблем со Нејмар, па се закачи со Серхио Рамос, секако и со Меси, а за време на мечот со Јувентус му се нафрли и на Хакими.
Тие имаа конверзација околу една ситуација, Хакими како да сакаше да му се извини, а Мбапе целата “работа“ ја заврши со зборовите…
„Немој да ми се извинуваш, дај ми веќе една добра топка“.
Што навистина се случива со Мбапе, дали славата и милионите на само 22 години и дефинитивно му удрија во главата?
Kylian Mbappé est le joueur le plus égoïste au monde pic.twitter.com/SblEQucIS5
— 𝐘𝐀𝐙𝐈𝐃 🇹🇳🇬🇷 (@yazid_m13) September 7, 2022