Поради Лео Меси мечевите на Аргентина на СП во Катар се веќе распродадени

118

Лионел Меси се чини дека е еден од најочекуваните играчи кои треба да се појават на Светското првенство во Катар 2022.

Аргентинската икона за последен пат ќе игра на Мундијалите, па навивачите сакаат да бидат таму за да го видат одблиску неговиот последен фудбалски настап на големите натпреварувања.

Директорот на Светското првенство во Катар, Насер Ал Катер изјави дека билетите за два натпревари на Аргентина се веќе комплетно распродадени. Станува збор за мечот Аргентина – Мексико, за кој билетите се разграбани уште во првите неколку дена откако се најдоа во слободн апродажба. По него втор распродаден е и мечот Саудиска Арабија – Аргентина.

„Влезниците за двата натпревари се веќе распродадени“, потврди Ал Катер.

ПретходноХрватска ќе игра со Унгарија за европското злато во ватерполо
СледноНавивачите на Омонија го погодија помошниот судија, мечот беше прекинат (ВИДЕО)